Се шири вирозниот грип
Вирозниот грип се шири. Сѐ повеќе случаи во болниците се регистрирани како критични. Најосетливи се најмалите кои вирусот лесно го напаѓа и нервниот систем. На Детската клиника е направена вонредна состојба. Лекарите велат- се заканува епидемија.

Дете се бори за живот на детската клиника поради компликациите кои му ги предизвика грипот. Вчера билo хоспитализирано. Доктор Софијанова вели вирусот се шири, а последниве денови се забележуваат случаи каде што го напаѓа централниот нервен систем.
„Вирусот од вон гастро-интестиналниот тракт каде што се манифестира преку одредени проблеми кои знаат да се јават од тој систем да предизвикаат грчеви. Ноќва имавме еден посериозен таков случај кој заврши на Одделот за интензивна нега и терапија на нашата клиника и со кој можеме да кажеме дека сѐ уште продолжува борбата со живото- загрозувачката состојба на ова дете, но се надеваме дека ќе биде добро“, изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.
Поради сериозноста на вирусот треба да се внимава, навреме да се дијагностицираат симптомите и да се почне со лекувањето. На клиниката е набавен лекот Тамифлу.
„Ние направивме вонредна состојба на Клиниката. Секој од одделите каде што ќе треба да му дадеме наша помош на детето тоа да го хоспитализира во одделите за таа намена, бидејќи тие треба да се строго изолирани и децата да немаат контакти едни со други, за да не дојде до заразување на другите дечиња“, вели д-р Софијанова.
Почнувањето на зимскиот распуст е можност да се намали ширењето на грипот меѓу децата- велат лекарите. Комисијата за заразни болести препорачува редовна дезинфекција на детските градинките и на училиштата додека трае сезоната на грип. Зголемена хигиена и почесто проветрување на просториите. Редуцирани посети во болниците и одбегнување масовни собири.
Андријана Атанасовска
