ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е да се тргува со националните интереси на Македонија
Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат конкретно лоцирање на одговорноста...

ВМРО-ДПМНЕ се согласува со ставот на претседателот Иванов дека е недозволиво за политички или за лични цели некој во недостаток на реална програма да тргува со националните интереси за своја корист.
„Обраќањето на Претседателот Иванов беше обединувачко и помирувачко, што дефинитивно му е неопходно на македонскиот народ и на македонските граѓани, и сметаме дека неопходно на овој начин и со вакви помирувачки тонови треба да дадеме пример и на другите политичари“, изјави на денешната прес- конференција Атнонио Милошоски.
Сепак, како што нагласи Милошоски, од Претседателот Иванов очекувале поконкретно да ја посочи одговорноста која што треба да претходи на било кое политичко или национално помирување.
Мора да биде точно лоцирана вината за насилните вандалски протести, за уништување на државен имот, за уништување на културно наследство, за уништување и деградирање на институции- нагласи Милошоски.
