Координација во Собранието пред утрешната конститутивна седница

29.12.2016 16:46

Координација во Собранието пред утрешната конститутивна седница на новиот состав. ВМРО-ДПМНЕ се повикува на дДеловниот за работа – според нив, седницата треба да ја води Трајко Вељаноски. За СДСМ, ова треба да го направи најстариот пратеник.

Во Собранието координација на претставниците на политичките партии за конститутивна седница. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека за нив нема дилема дека треба да ја води Трајко Вељаноски, како поранешен претседател на Собранието, бидејки, како што рече тој, тоа го предвидува Деловникот.

Од СДСМ изјавија дека конститутивната седница треба да ја раководи најстариот пратеник, Бранко Манојловски од редовите на ДУИ. Со тоа, како што потенцираа, ќе се почитуваат нормите од Деловникот и досегашната парламентарна практика.

Од Движењето БЕСА велат дека е пожелно седницата да ја води најстариот пратеник иако сметаат дека тоа не е најважното прашање во моментов.

Од кабинетот на Вељаноски се повикуваат на деловничките измени од 2013 година во кои, според нив, правото да ја води конститутивната седница му е дадена на поранешниот претседател на Собранието.

На координацијата присуствувале Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски од СДСМ, Талат Џафери од ДУИ, Африм Гаши од БЕСА и Весел Мемети од Алијансата на Албанците.

 

Игор Панов