Сообраќајот без забрани, слаб снег во Паланка, Маврово и Ѓавато
30.12.2016 08:48
Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен...

Сообраќајот низ државата се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Крива Паланка, Маврово и на планинскиот премин Ѓавато, а во источна Македонија дува засилен северен ветер.
Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема задржувања за влез и излез од државата.
