Изгоре дел од сервис за плински уреди во центарот на Скопје

30.12.2016 11:30

Противпожарните екипи интервенираа брзо. Командантот на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, соопшти дека во пожарот нема повредени лица.

Во пожарот што избувна денеска околу девет часот во центарот на Скопје, зад „Дрводекор“ изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.

Противпожарните екипи интервенираа брзо. Командантот на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, соопшти дека во пожарот нема повредени лица.

Пожарот е локализиран, во тек е расчистување на локацијата. Во пламен беше кровната конструкција. Дојавата за пожарот беше во 9 часот и 15 минути, а е изгаснат за десетина минути,  изјави Ѕвонко Томевски.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени осум противпожарни возила.