На полноќ стартуваше примирјето во Сирија

30.12.2016 11:55

Договорот не вклучува терористи како што е Исламската држава.

Примирјето ширум Сирија договорено со посредство на Русија и Турција, стапи на сила на полниќ. Договорот не вклучува терористи како што е Исламската држава.

За сириската Влада, примирјето е можност за политичко решение на речиси 6-годишната војна во таа држава.