Економијата догодина со раст меѓу 3 и 3,5 проценти

30.12.2016 12:10

Позитивно влијание се очекува да има разрешувањето на политичката криза со завршување на изборите врз довербата на домашните компании што пак ќе придонесе за зголемен раст на инвестициите и потрошувачката.

Македонската економија следната година се очекува да има раст од 3 проценти според проекцијата на Владата и 3,5 проценти според Народната банка на Република Македонија.

Се очекува дека растот на економската активност следната година ќе биде придвижен од извозот на стоки и услуги, кој е проектиран со раст од 6 проценти на реална основа. Позитивно влијание се очекува да има разрешувањето на политичката криза со завршување на изборите врз довербата на домашните компании што пак ќе придонесе за зголемен раст на инвестициите и потрошувачката.

Годинава што изминува се очекува да заврши со раст на БДП над проекцијата од 2,3 проценти. Носители на растот за годинава се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка.