Автопатот Приштина-Скопје од интерес на двете земји
05.02.2014 12:31
Македонскиот амбасадор во Приштина, Илија Страшевски синоќа оствари средба со косовскиот министер за инфраструктура, Фехми Мујота.
На средбата, Мујота го информирал амбасадорот за инфраструктурните проекти кои се во тек на Косово, а посебно за автопатот Приштина-Скопје, кој, како што оценил е од посебно значење за Косово и за Македонија.
Мујота побарал од Страшевски да ја пренесе пораката во неговата земја за понатамошно продолжување на соработката меѓу двете земји, посебно во областа на патниот транспорт на стоки и патници.

- Очекуваме продолжување на интензивна активност во тој правец со цел што поскоро да се реализира потпишувањето на договорот за транспорт на стоки и патници меѓу Косово и Македонија, изјавил Мујота.
На средбата било нагласено дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина во областите кои се под надлежност на Министертвото за инфраструктура.
Амбасадорот Страшевски, неодамна оствари средби со министерот за внатрешни работи Бајрам Реџепи, на која беше нагласена одличната соработка меѓу владите на двете земји и искажана подготвеност за продолжување и проширување на соработката во разни области од взаемен интерес.