Топла облека за бездомниците од пунктот во Момин Поток
Бездомниците добија џемпер, шал, капа, ракавици и вреќа за спиење во пакетите што традиционално во пресрет на новогодишните празници ги доделува Град Скопје.

Педесетина лица кои ги користат услугите на Пунктот и Прифатилиштето за бездомници во Момин Поток денеска добија пакети со топла облека. Бездомниците добија џемпер, шал, капа, ракавици и вреќа за спиење во пакетите што традиционално во пресрет на новогодишните празници ги доделува Град Скопје.
Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој центар со по 500 илјади денари годишно, а оваа наша поддршка ќе продолжи и во иднина. Бездомниците во овој центар добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк, изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој денеска го посети овој пункт.
Од денеска до завршување на студениот бран, пунктот ќе биде отворен 24 часа со цел да им излезе во пресрет на бездомните лица кои на телефонскиот број 3/139-578 може да го повикаат тимот на Пуктот кој ги ги преземе од местото каде се наоѓаат.
