Кандидатите за полицајци кои ја завршиле обуката бараат вработување

30.12.2016 14:40

Околу 600 кандидати, кои ја завршија обуката за полицајци, бараат да ги склучат договорите за вработување. Оствариле средба со министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, од каде добиле одговор дека по празниците ќе се достави уште едно барање до Министерството за финансии.

Околу 660 кандидати кои ја завршија обуката за полицајци и на 8-ми октомври положија свечена заклетва, бараат да ги склучат договорите за вработување со Министерстворто за внатрешни работи. Велат- сакаме да го покажеме она за кое макотрпно и деноноќно се боревме и усовршувавме.

Оствариле средба со министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, од каде што добиле уверување дека по празниците ќе се достави барање до Министерството за финансии. Ги известил дека на 10 октомври годинава било доставено барање до Министерството за финансии, но добиле одговор дека е потребно доставување на уште едно во 2017 година.

Кандидатите за полицајци бараат МВР да ја почитува законската регулатива која вели дека министерот за внатрешни работи донесува решение за избор на обучени кандидати за полицаец од најдобро рангираните. Бараат и спроведување на членот од законот во кој е истакнато дека со обучените кандидати МВР треба да склучат договор за вработување со кој се стекнуваат со статус полицаец- приправник.

 

Наташа Гркова- Петрушевска