Бразилската полиција трага по грчкиот амбасадор
30.12.2016 13:54
Автомобилот на дипломатот Киријакос Амиридис бил пронајден со остатоци од изгорен човечки труп.

Бразилската полиција трага по амбасадорот на Грција кој бил на одмор со семејството во Рио.
Автомобилот на дипломатот Киријакос Амиридис бил пронајден со остатоци од изгорен човечки труп. Дипломатската кариера на Амиридис почнала во 1985 година, а во Бразил дошол годинава.
