Поголем слух за барањата на бизнисот
Бизнис заедницата од Стопанската комора на Северозападна Македонија смета дека ни претстои година на предизвик поради економскиот раст од околу 2,5 насто. Што поскоро Македонија да излезе од политичката криза, бараат стопанствениците од оваа комора.

Бизнис- заедницата од Стопанската комора на Северозападна Македонија вели дека не не очекува лесна 2017-та година,со економски раст не поголем од 2,5%. Од политичарите бараат земјата што побрзо да ја извлечат од политичката криза, а идната Влада и Собрание да имаат повеќе слух за предлозите на бизнисот.
„Ние очекуваме да се формира политичка Влада,компетентна и одговорна, која што ќе ги преземе одговорностите на себе и ќе го забрза она што е заостанато во дел на политички мерки и активности“, изјави Џемали Даути, Стопанска комора на Северозападна Македонија.
„Испраќаат сигнали дека бизнисите не се оптимисти во себе и дека не оставаат простор да се каже дека 2017 година ќе биде лесна и плодна“, вели Назми Ејупи, потпретседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Политичката криза предизвика пролонгирање на инвестициците од оваа за наредната година, а политичката стабилност е предуслов за економската, што ќе овозмижи економски раст во земјава, велат од Сојузот на стопанските комори.
„За оваа 2017-та нашите предвидувања се дека ќе имаме раст на БДП до 3 насто. Меѓутоа постојат одредени предизвици, ризици кои кои секако треба да се антиципираат,тука пред се мислам на разрешување на политичката состојба во земјава“, прогнозира Митко Алексов- извршен директор на Сојузот на стопански комори.
Бизнис- заедниците и натаму ќе даваат предлози до извршната власт за подобрување на бизнис- амбиентот. Но потсетуваат дека од досегашните 35 различни барања на бизнис - заедницата, позитивен одговор добиле само 2. Се бара изградба на терминал на преминот Јажинце, како и модерен автопат до Блаце.
„25% од извозот кој што настанува преку терминалот Блаце е од компании кои што потекнуваат од полошкиот регион и покрај тоа државата ни одговори, Царинската управа и Министерството за фиансии, дека нема средства за таков терминал да се изгради. Наша претпоставка дека терминалот не би чинел повеќе од милион евра“, вели Фатмир Битиќи- извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Оваа бизнис- заедница бара и еднаква промоција на сите региони пред потенцијалните инвеститори, како и порамномерен регионален развој, тврдат дека засега се пласираат само 0,03 насто од БДП, наместо предвидениот 1%.
Свето Николовски
