Трка во вооружување во регионот
Србија и Хрватска купуваат авиони и хеликоптери, првите од Русија и од Ербас, вторите од Шведска и од НАТО. Политичарите од двете држави си префлаат кој прв почнал.

Во центарот на лошите односи меѓу Србија и Хрватска, се вмеша и оружјето. Последна вест е дека Србија потпиша нов договор за купување на 9 борбени хеликоптери од германско-француско производство на Ербас, како и веста од Загреб дека Хрватска ќе купува цела ескадрила нови шведски борбени авиони СААБ 39 или јужнокорејските ФА-50.
Првите искри почнаа на почетокот на годината, кога Хрватска најави купување на повеќенаменскиот ракетен систем М-270, а Србија одговори дека нема да е лесна мета-со купувањето или руската донација од 2 хеликоптери МИ-18, 6 Миг 29, 30 тенка Т-72,30 борбени оклопни возила и ПВО. Хрватска пак доби 16 американски хеликоптери Блeк Хoк и најави купување на борбена ескадрила.
Донации или купопродажни договори, сеедно, се споменуваат милонски суми, проследени со вербални искри.
„Му порачувам на Вучиќ да не биде нервозен. Немаме непријателски намери кон Србија.Но, како членка на НАТО имаме право на сопствена одбрана“, изјави поранешниот хрватскиот министар за одбрана Анте Котромановиќ.
Возврати српскиот премиер Вучиќ: „Доколку некому кажете дека сакате да ја заштите својата земја, тогаш тоа е уставна обврска- а не закана!“
Аналитичарите во Белград се согласуваат дека во регионот постои застарено оружје. Но потенцираат дека имаме случај на обратен процес-не на трка во вооружувањето која создава јавна реакција-туку на употребата на јавната реакција за да се дојде до вооружување.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
