Петрит Бушати нов албански амбасадор во Македонија

05.02.2014 12:36

Познатиот албански дипломат Петрит Бушати  ќе  биде нов амбасадор на  Албанија во  Македонија. Ќе го замени сегашниот амбасадор Арбен Чејку. На предлог  на албанското МНР  Бушати доби зелено светло за амбасадор од  Комисијата за надворешна политика при Собранието на Албанија.Според албанските медиуми, Петрит Бушати е подолг период во дипломатијата, и е добар познавач на соседните држави . Тој е дел од големото семејство Бушати од кое е и актуелниот министер за надворешни работи Дитмир Бушати . 