Метео: Стабилно и студено

30.12.2016 15:48

Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата, на повисоките места и на планините ќе се спуштат и до -15 степени, а дневните од недела ќе бидат во благ пораст.

За време на новогодишните празници во Македонија ќе преовладува стабилно и суво време со студени утра, а преку ден ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата, на повисоките места и на планините ќе се спуштат и до -15 степени, а дневните од недела ќе бидат во благ пораст.

За време на новогодишната ноќ ќе биде ведро и студено со температура од -13 до -4 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска