Течат роковите за формирање Влада
03.01.2017 09:10
Претседателот на земјава, Ѓорге Иванов, има уште околу една недела да го довери мандатот за состав на владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Течат роковите за формирање на новата Влада. Претседателот на земјава, Ѓорге Иванов, има уште околу една недела да го довери мандатот за состав на владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.
Иванов во неделата изјави дека ќе ги испочитува роковите, предвидени со Уставот на државата.
