Убиецот од Истанбул дел од групата што го нападна аеродромот „Ататурк“

03.01.2017 09:26

Локалните медиуми јавуваат дека турските разузнавачи на 19-ти декември добиле податоци за можни напади на Исламска држава за време на новогодишната ноќ.

Напаѓачот кој за време на новогодишната ноќ во Истанбул уби 39 и рани 69 лица, можно е да е дел од групата на Исламска држава што изврши напад врз аеродромот „Ататурк“ на 28-ми јули минатата година, информираат од турската државна национална разузнавачка организација.

Локалните медиуми јавуваат дека турските разузнавачи на 19-ти декември добиле податоци за можни напади на Исламска држава за време на новогодишната ноќ.

Во периодот од 28-ми до 31-ви декември била спроведена антитерористичка операција во која биле приведени 63 лица осомничени дека се поврзани со џихадистите.