За 4 дена две победи за шампионска екстра мотивација
Очекувано, рутинирано Металург стигна до првата СЕХА победа во оваа година...

Очекувано, рутинирано Металург стигна до првата СЕХА победа во оваа година. Противникот Борац од Бања Лука повеќе од лесен залак за македонскиот ракометен вице првакот, прегазен со 36:18 (16:10).
Со оваа победа металурзите прокнижи значајни три бода, кој сега го носат бодовно на исто со Вардарци во регионалниот поредок, но остана на истата позиција, четврта и колку толку се одлепиа од Мешков, тим кој сега е на минус 4 бода од сините, но и натпревар помалку.
Остануваат со солидна предност сеуште Загреб и Татран со 31 односно 30 бода на првото и второто место. Сепак, тоа е петорката (Загреб, Татран, Вардар, Металург, Мешков) која се бори за 4-те места кој водат во СЕХА завршницата, сето останато, безмалку недостижно заостанува.
Разиграноста кај металурзите чија пракса е во регионалната лига да ги игра сите расположливи ракометари, со акцент на оние кои имаат мала или воопшто немаат минутажа во Лигата на Шампиони, радува. Особено битен момент во пресрет на повторното влегување во пеколниот евро шампионски ритам и тоа веќе в сабота, кога момците на Лино Червар ќе одат на тешко гостување во Париз кај ПСЖ, ден по нив Вардар го пречекува Динамо Миннск на скопскиот жежок терен.