Странски и домашни гости на планините
И домашни и странски гости има на планините. Не им пречи што нема многу снег. Дишат чист воздух, седат на топло сонце. Оние што се на Шапка велат- местото и вака е привлечно. Хотелските капацитети се полни за празниците. Туристичките работници велат- има работа, но, потребни се инвестиции за подобри услови.

Малку странски, повеќе домашни гости. Најмалите и младите во најголем број на Попова Шапка. Сите дојдени за чистиот воздух и топлото сонце. На оваа зимска убавица во овој јануари засега нема снег, но тоа не им пречи на љубителите на природата. Велат и вака е привлечна.
Може да се изнајми санка за 100 денари и скии за 300 денари. Хотелските капацитети се полни за новогодишните празници. Доаѓаат уште гости, но се задржуваат само ден или два. Оние што сакаат да скијаат ќе почекаат да падне нов снег.
Работа има- велат туристичките работници. Велат дека недоволно се искористени потенцијалите на Попова Шапка. Според нив, потребно е инвестирање во инфраструктурата, изградба на нови хотели и жичници.
Дијана Ценевска
