Опстојувањето е дел од мигрантската голгота

03.01.2017 09:52

Дочекот на Новата година помина. Некој во ресторан, некој на плоштад, а некој во прифатен центар. Тоа се мигрантите. Нивната судбина ги натера да талкаат по патиштата, нивната желба е јасна- да стигнат до дестинациите каде што има подобар живот. Екипа на Македонската телевизија ги посети...

Трнливиот пат и голготата по подобар живот, морничави ноќи непријатни случки, плачот на децата, инспирација ставена на хартија од сирискиот мигрант Шерко. Нескршливиот дух и покрај преживеаните трауми не го напушта Сириецот. Не е само желбата да се стигне до некоја од западните земји. Поголема е да се опстане. Низ сликите, низ уметноста што за Шерко значи живот.

Со дел од своето семејство тој е веќе 10-тина месеци во транзитноприфатниот центар. Како и многумина мигранти целта им се Германија, Франција, Швајцарија. Незапирлива новогодишна желба за привремените жители во „Винојуг“.

И додека се тука за празниците им се овозможува заеднички да ја почувствуваат новогодишната атмосфера. Новата година е нова надеж.

Желбите на децата се секаде исти. Нивните очиња светкаат со жар да се добие очекуваниот подарок.

Иран, Ирак, Сирија. Блискиот Исток и Централна Азија преку мигрантите ги претставуваат културите во Македонија. Винојуг е привремено организирано живеалиште за мигрантите. Образованието е достапно за децата на неколку, и на нивниот мајчин јазик.

Од почетокот на оваа глобална хуманитарна криза која ја пофгоди и земјава е и македонскиот Црвен Крст. Организира 24 часовни смени, и за новата година.

Но, илегалната имиграција е запрен, не и решен проблем. Иако е забележано намалување во обидите за незаконско преминување на границата, македонските безбедносни сили само во ноември спречиле 310 обиди. На грчката страна од границата се распоредени неколку кампови со неколку илјади мигранти кои се секогаш се потенцијална опасност за безбедноста во земјава.

 

Наташа Гркова- Петрушевска