САД
Спајсер: Нема докази дека Русија влијаела на изборите
03.01.2017 10:18
Порача дека би било неодговорно да се носат заклучоци пред увидот во конечниот извештај на разузнавачките служби.

Новоназначениот портпарол на Белата куќа, Шон Спајсер изјави дека нема докази оти руското хакирање влијаело на исходот на претседателските избори во САД.
Порача дека би било неодговорно да се носат заклучоци пред увидот во конечниот извештај на разузнавачките служби.
Спејсер, претходно оцени дека Белата куќа можеби премногу ја казнила Русија кога наредила протерување на 35 руски дипломати поради сомнение дека се руски шпиони.
