Речиси 200 милиони евра странски инвестиции во периодот јануари- октомври 2016
03.01.2017 11:17
По месеци, најмногу странски инвестиции се регистрирани во февруари- околу 50 милиони евра, во март 42 милиона и во август- 43,7 милиони евра.

Народната банка ги објави новите податоци. За десет месеци, односно во периодот од јануари до октомври 2016-та година, во земјава се влезени странски директни инвестиции во вредност од 220 милиони 750 илјади долари или околу 197 милиони евра.
По месеци, најмногу странски инвестиции се регистрирани во февруари- околу 50 милиони евра, во март 42 милиона и во август- 43,7 милиони евра.
Негативно салдо имало во јуни и во септември. Гледано по држави, најголеми странски инвеститори се Турција и Германија.
