ЕУ ја чека тешка и неизвесна година

03.01.2017 11:43

Најгорливиот проблем на Европската унија е, како што го дефинира аналитичарот Аугустин Полакај, новиот феномен на промена на насоката на државите- членки и државите пристапнички кон ЕУ. Брегзит предизвика лавина која во моментов е тешко да се предвиди- вели тој.

Европската унија ја чека тешка и неизвесна година, како на надворешен така и на внатрешен план- оценува аналитичарот од Брисел, Аугустин Полакај. Според него, промената на американската администрација може катастрофално да се одрази на надворешната политика и безбедноста на Европската унија.

Ако американските служби, Конгресот и Сенатот не го убедат Трамп да биде поинаков како председател отколку каков што беше како кандидат, на ЕУ ќе ѝ биде многу тешко да соработува со него во надворешната политика“, смета Полакај.

Најгорливиот проблем на Европската унија е, како што го дефинира Полакај, новиот феномен на промена на насоката на државите- членки и државите пристапнички кон ЕУ. Брегзит предизвика лавина која во моментов е тешко да се предвиди- вели тој.

Досега Европската унија се прошируваше, а сега почна да се намалува. За прв пат имаме процес на дезинтеграција, од друга страна нема баш голем интерес на богатите држави за членство во Европската унија. Исланд сам си го укина статусот на кандидат и ги прекина преговорите. Швајцарија, Норвешка и Лихтенштајн не сакаат да влезат во ЕУ. Така што остануваат државите од Западен Балкан кои се прилично сиромашни во однос на европскиот просек и секако Турција, а за кои од страна на ЕУ нема интерес“, објаснува Полакај.

Токму ваквиот тек на настаните, како и досегашната пракса на ЕУ, која долго го пролонгирасе интегрирањето на државите од Западен Балкан, и пред сѐ одлучувањето со консензус, предизвика мотивацијата кај овие држави сосема да исчезне- вели Полакај во интевјуто за МТВ.

Еве Македонија е најдрастицен пример. Нисто не ѝ важи тоа што со години имаше препораки за отпочнување на преговорите, кои досега не ги отвори. Сега е променета и атмосферата внатре во ЕУ, дури и државите да се подготвени, во догледна иднина не постои интерес во Европската унија да ги прими“, нагласува Полакај.

Не само сто претседателот на Европската комисија најави дека ќе нема ново проширување до 2019-та година, туку ќе поминат уште неколку мандати на Комисијата пред некоја држава да стане нова членка на Унијата- оценува Полакај. Очигледно е дека пакетот на просирување не е приоритет на ЕУ, вели тој. Напротив, Унијата во овој период напорно работи одлуката на Британците да не биде пример за останатите членки.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ