Од четврток значителна промена на времето, снег и ниски температури
Од УХМР велат дека насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Од Град Скопје велат дека е одржан координативен состанок на зимската служба со претстставници на администрацијата, општините и на јавните претпријатија.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат значителна промена на времето од четврток. Објаснуваат дека поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови на земјава.
Од УХМР велат дека насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Од Град Скопје велат дека е одржан координативен состанок на зимската служба со претстставници на администрацијата, општините и на јавните претпријатија.
За чистење на снежните наноси, градот располага со 24 возила и 2.500 тони сол. Од Град Скопје апелираат до сите стопански субјекти и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.
