Подобри услови за иноваторите
„Народна текника“ на Македонија 70 години е со пронаоѓачите и со иноваторството кај бројни генерации. Годишно по 10.000 млади поминуват низ 9 сојузи. За 20 години, 650 македонски патенти се светски прифатени. Потребни се услови да се негува пронаоѓаштвото во Македонија.

Веќе осум години работи на пронајдоци, а има само 17. Прилепскиот средношколец Давид Лазароски со роботот за сложување на рубиковата коцка од првото учество на „Макинова“ се врати со златен медал. Вели, роботиката и технологијата се неговата и иднината на луѓето.
Долгогодишните пронаоѓачи го трасирале патот на младите. Живко Ширкоски, 40 години е со иноваторството за кое, вели, треба време да заживее.
Иновациите се бројни. Неврофон за луѓето со оштетен слух, електричен трицикл со награда од Брисел, иновативен полнач за мобилни, трансформатори.
Со 9 сојузи „Народна техника“ на Македонија е дом за македонските пронаоѓачи. Годишно таму поминуваат и по 10.000 млади. За 20 години преку 650 патенти се светски прифатени. Но сите признаваат- потребни се услови за пронаоѓачите.
Македонските иноватори очекуваат новата 2017-та да им го пронајде патот до успехот.
Елизабета Митреска
