Апанажа за пратениците од минатиот состав

03.01.2017 13:07

Со последните законски измени се предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеци, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија. За тоа време, пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.

До крајот на јануари, 65 пратеници од минатиот состав, доколку не се вратат на старите работни места или се без работа, имаат право да поднесат барање до Собранието за надоместок на плата.

Според законот, апанажата ќе трае во зависност од мандатот, но најмногу до една година. Со последните законски измени се предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеци, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија. За тоа време, пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.

Апанажата е во износ на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието на Република Македонија, односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата. Поранешните пратеници ќе имаат право на надоместок и за време на годишниот одмор.