Град Скопје: Зимската служба е подготвена
03.01.2017 13:10
За чистење на снежните наноси, градот располага со 24 возила и 2 илјади и 500 тони сол.

Од Град Скопје велат дека е одржан координативен состанок на зимската служба со претстставници на администрацијата, општините и на јавните претпријатија. За чистење на снежните наноси, градот располага со 24 возила и 2 илјади и 500 тони сол.
Од Град Скопје апелираат до сите стопански субјекти и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да ги расчистуваат снегот и мразот пред нивните деловни, односно станбени објекти.
