Ниските температури ќе ја зголемат потрошувачката на електрична енергија
Целосно мобилизирани се и екипите на ЕВН Македонија. Оттаму очекуваат поради студеното време да има поголема оптовареност на мрежата, бидејќи ќе се зголеми потрошувачката на струја. Проблем може да се јави во оние средини каде има голем број на луѓе исклучени од системот на парно греење.

Најавените многу ниски температури и до 20 степени под нулата, се очекува да ја зголемат потрошувачката на електрична енергија. Од ЕВН Македонија велат дека мрежата е подготвена да издржи поголемо оптоварување. Посочуваат дека екипите се постојано на терен.
Од компанијата информираат дека евентуални проблеми би можеле да се појават во оние средини кои имаат енергетска согласност за многу помал капацитет од она што им е потребно.
Деновиве одреден број корисници по неколку минути останаа без струја поради оптоварување на определени места во мрежата, што довело до прескок и реагирала заштитата на трафостаниците.
За споредба со минатата година, потрошувачката сега е зголемена, како резултат на пониските температури.
Наташа Гркова-Петрушевска
