Сообраќајот без застои, слаб снег на неколку патни правци

04.01.2017 08:17

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација...

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани по влажни коловози. Слаб снег врне во Кочани, Делчево, Берово, Крива Паланка, Страцин, Кичево и Прилеп и на планиските премини Маврово, Стража, Железнец, Пресека и Буково, кој не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македоснка Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.     

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ потсетува и назаконската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.