Вести од светот
Киров
Товарен воз со 32 цистерни кој превезувал кондензиран природен гас излетал од шините во градот Киров на 900 километри источно од Москва. Експлозијата предизвикала голем пожар. Противпожарните екипи сеуште се обидуваат да го локализираат пожарот. Над 400 жители се евакуирани. Нема податоци за повредени.
Лондон

Киров
Товарен воз со 32 цистерни кој превезувал кондензиран природен гас излетал од шините во градот Киров на 900 километри источно од Москва. Експлозијата предизвикала голем пожар. Противпожарните екипи сеуште се обидуваат да го локализираат пожарот. Над 400 жители се евакуирани. Нема податоци за повредени.
Лондон
Вработените во лондонското метро вчеравечер почнаа 48-часовен штрајк, поради најавените отпуштања на стотина работници, како и на продавачите на билети. Повеќето станици нема да работат, а одредени линии ќе бидат само делумно во функција.„Претставниците на синдикатите не треба да играат политика, треба реално да ја погледнат понудата што ја имаат. Најдобро е да се седне на маса, да се почнат преговори, а штрајкот веднаш да престане“, изјави Борис Џонсон градоначалник на Лондон. Градските власти решиле да го зголемат бројот на автобуски линии за да не дојде до хаос во сообраќајот. Лондонското метро секој ден го користат околу 3 милиони патници. Доколку не дојде до договор, штрајкот продолжува на 11-ти февруари.
Украинa
Претседателите на Русија и на Украина, Путин и Јанукович, на средба в петок на отворањето на зимските Олимписки игри во Сочи. Политичката криза во Украина и подобрување на односите меѓу двете земји ќе бидат главни теми на средбата. Русија објави дека префрлила три милијарди евра помош на украинско конто.Претставничката на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон денеска ќе се сретне со Јанукович и со опозициските лидери во обид да ја смири состојбата во земјата.
Берлин
Американската разузнавачка служба го прислушувала и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, соопштија германските мсдиуми. Главна причина за прислушувањето бил неговиот отпор за интервенција во Ирак. Шредер беше канцелар од 1998 до 2005 година.
Москва
Рускиот претседател Путин на врвот на листата за најпопуларни светски политичари за 2013, според анкетата на „Ворлд рејтинг 2013“. Анкетирани биле 175 новинари од ралични медиуми, а Путин успеал да го освои мнозинството. На листата добро котирале и папата Франциск и канцеларката Меркел.
Перу
Помор на делфини во северниот дел на Перу. Над 400 дефини беа пронајдени на брегот на Тихиот океан пред неколку дена. Официјалните лица се уште ја испитуваат причината за несреќата, „Некои докази укажуваат дека човечки фактор влијаел на смртноста, но сепак се потребни покомплекси анализи за да дојдеме до вистината“ изјави Јури Хокер, професорот по биологија. Резултатите од анализите ќе бидат готови за две недели.
Марија Петковска
