Продолжена вонредна состојба во Турција за уште три месеци
Во хајката против пучистите се уапсени над 41 илјада лица осомничени за соработка со ѓуленистите. Борба се води и против сите терористички групи...

Парламентот на Турција ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци. Властите ја воведоа по неуспешниот обид за државен удар од 15 јули за што го обвинуваат имамот Фетула Ѓулен.
Неговата организација „ФЕТО“ се товари и за серија кривични дела, вклучувајќи и прислушување на највисоките владини претставници и создавање на „паралелена држава“ во Турција.
Во хајката против пучистите се уапсени над 41 илјада лица осомничени за соработка со ѓуленистите. Борба се води и против сите терористички групи, вклучувајќи ги и Исламска држава и Курдската работничка партија кои изведоа серија напади низ земјата.
Последниот се случи за Нова година во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 39 луѓе.
