Пратениците треба да достават анкетни листови до Антикорупциска
Тие, согласно законот, треба да дадат детални информации за недвижниот имот со којшто располагаат, за подвижни предмети од поголема вредност, за хартиите од вредност, да ги наведат побарувањата и долговите, како и друг имот во нивна или во сопственост на семејството.

Новите 120 народни избраници, како и пратениците од претходниот состав на Собранието, до 30-ти јануари треба да поднесат анкетен лист и изјава за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Тие, согласно законот, треба да дадат детални информации за недвижниот имот со којшто располагаат, за подвижни предмети од поголема вредност, за хартиите од вредност, да ги наведат побарувањата и долговите, како и друг имот во нивна или во сопственост на семејството.
Функционерите треба да го наведат и основот за стекнување со пријавениот имот, како и да депонираат изјава заверана на нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки, бидејќи состојбата на нивниот имот претставува информација од јавен карактер.
