Меркел по втор пат нема да присуствува на економскиот форум во Давос

04.01.2017 11:07

Годинашната средба е насловена како „Лидерство кое одговара и лидерство кое е одговорно“ така што се очекува доминантна тема да биде токму новата администрација на САД.

По втор пат, германската канцеларка Ангела Меркел нема да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Според анонимен претставник од ЕУ, причина за тоа е учеството на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп со кого Меркел има несогласувања околу суштински прашања.

Годинашната средба е насловена како „Лидерство кое одговара и лидерство кое е одговорно“ така што се очекува доминантна тема да биде токму новата администрација на САД.

Популарноста на форумот во Давос опадна по британскиот референдум за Брегзит и победата на милијадерот Трамп во трката за Белата куќа.

Ни францускиот претседател Франсоа Оланд нема да учествува на годинашниот самит во Швајцарија.