ДПМ: 83 дела на конкурсот за најуспешни книжевни остварувања
15-членото жири веќе почнало со работа, резултатите ќе бидат познати до крајот на месецов, а наградите ќе бидат врачени на 13-ти февруари, на големиот јубилеј- 70 години од основањето на Друштвото на писетелите.

На конкурсот за најсупешни книжевни остварувања во 2016 година пристигнале 83 дела од сите жанрови- информира Друштвото на писателите на Македонија.
15-членото жири веќе почнало со работа, резултатите ќе бидат познати до крајот на месецов, а наградите ќе бидат врачени на 13-ти февруари, на големиот јубилеј- 70 години од основањето на Друштвото на писетелите.
Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца, и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.
