Трамп не сака преместување на затворениците од Гвантанамо
04.01.2017 11:30
Белата куќа разгледува план за трансфер на 20-тина затвореници во Италија, Оман, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повтори дека не сака да се преместат затворениците од американскиот воен затвор Гвантанамо во други земји, првенствено поради тоа што се работи за, како што вели, исклучително опасни луѓе.
Белата куќа разгледува план за трансфер на 20-тина затвореници во Италија, Оман, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Американскиот претседател во заминување Барак Обама, кој не успеа да постигне компромис со Конгресот, вети дека ќе го затвори Гвантанамо.
