Масовно бегство од затвор на Филипините

04.01.2017 11:51

Најмалку шест лица се убиени во престрелката, и исто толкав број затвореници се фатени и вратени од полицијата.

160 лица избегаа од затвор на Филипините откако десетици вооружени мажи влегле и почнале да пукаат во објектот. Најмалку шест лица се убиени во престрелката, и исто толкав број затвореници се фатени и вратени од полицијата.

Казна отслужуваат околу 1.500 лица, а меѓу нив и членови на локални бунтовнички движења.