Авганистански мигрант во Грција почина од хипотермија

04.01.2017 12:18

Ноќните температури во областа се под нулата, па властите стравуваат дека во камповите ќе се зголемува бројот на заболени лица.

Мигрант од Авганистан починал од хипотермија откако пеш ја минал реката Еврос на границата меѓу Грција и Турција. Ноќните температури во областа се под нулата, па властите стравуваат дека во камповите ќе се зголемува бројот на заболени лица.

Грција се соочува со нов бегалски бран кој пристигнува преку различни рути бидејќи островите се веќе преполни.