Утре студено со врнежи од снег и засилен ветер
Поизобилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Ќе врне снег и во петок. На планините снежната покривка ќе достигне и до 50 сантиметри, велат од УХМР.

Од утре значителна промена на времето. Студено со врнежи од снег и засилен ветер. Поизобилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Ќе врне снег и во петок. На планините снежната покривка ќе достигне и до 50 сантиметри, велат од УХМР.
Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по претежно влажни коловози. Во западниот дел од државата на некои повисоки места има мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи. Врнежи од слаб снег се бележат во Крушево, а во Охрид има врнежи од дожд.
Намалена видливост поради магла има на планинскиот превој Стража. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и приспособување на брзината на условите на патот.
