ДКСК ги одби приговорите на СДСМ и на еден граѓанин
04.01.2017 13:07
Антокорупционерите го одбија и приговорот на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ, за наводно почнување на градба на детска градинка во Општина Зрновце.

Државната комисија за спречување на корупција на јавна седница едногласно ги одби четирите приговори на СДСМ и на еден граѓанин што се однесуваа на вработувања во ад Македонски пошти, во Агенцијата за вработување, во Националната установа Театар за деца и младинци и во Министерството за правда.
Антокорупционерите го одбија и приговорот на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ, за наводно почнување на градба на детска градинка во Општина Зрновце. Според комисијата сите наводи на подносителите се неосновани зашто јавните институции постапиле законски.
