Адвокатурата како семејна традиција
50 години континуирана адвокатска работа на битолското семејство Главинче. Лозата ја започнал познатиот и надалеку признат адвокат Сотир Главинче, ја продолжил неговиот син Емил, а по истите стапки продолжуваат и неговите два сина. Повозрасниот Никола веќе е на адвокатскиот именик.

Од татко на син веќе половина век битолското семејство Главинче ја пренесува адвокатската дејност. Никола е третото колено. Млад адвокат и да се биде внук на Сотир Главинче не е привилегија, туку обврска. Да се зачуваат и надоградат резултатите на моите претходници постигнати во професионална и човечка смисла е голем предизвик, вели човекот кој заплива во водите на современата адвокатура.
„Денеска адвокатурата е поразлична, има модедрна верзија и мојата желба ќе биде да ги истакнеме таквите вредности, но и надоградиме за да им пружиме вистинска правна помош на клиентите“, вели Никола Главинче.
Пат по кој изодил и испит што го положил неговиот татко Емил. Пресреќен што неговите синови ја продолжуваат семејната лоза и што нивнниот дедо им ги врежал основните правила, како до квалитетен адвокат.
„Кога го наследив татко ми бев пресреќен, но уште посреќен бев кога во еден периот под негова палка во семејната канцаларија заедно работевме сите, и моите деца беа со него“, вели Емил Главинче.
„Ме научи на константно почитување на основните принции- стручност, посветеност, чесност и совесност, а во моменти адвокатот треба да покаже и соодветна храброст“, вели младиот Никола Главинче.
Семејството Главинче е само една гранка од големото адвокатско битолско стебло засадено уште во турско. Ако претходно печат ставиле Филота Фила, Јован Алтипармаковски, Михаил Папазоглу и останатите знаменити адвокатски имиња, слободно може да се каже дека Битола е колевката на македонската адвокатура.
„Не е нескромно што кажувам дека тие се столбот на нашата адвокатура и сега јас сум горд што припаѓам на оваа фела“, вели адвокатот Ставре Џиков.
Показатели кои даваат за право дека освен град на конзулите или клавирите Битола го носи епитетот и град на адвокатурата.
Стевче Митревски
