Пронајдена мртва жена во Вардар

04.01.2017 13:43

Не се забележани физички повреди, ниту се пронајдени лични документи во облеката.

Женско лице на возраст од 60 до 70 години е пронајдено вчера во 12:55 часот во грмушки на десниот брег од реката Вардар.

Екипа на Противпожарната заштита го извадила телото, а Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирала смрт.

Не се забележани физички повреди, ниту се пронајдени лични документи во облеката. Извршен е увид и по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.