„Еурактив“: Трамп и Путин со најголемо влијание годинава
Политиката на Трамп по инаугурацијата на 20 јануари, независно од тоа дали ќе ги исполни предизборните ветувања, може да има огромно влијание на стариот континент.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се меѓу десетте личности кои ќе имаат најголемо влијание годинава, пишува независниот европски портап „Еурактив“.
Политиката на Трамп по инаугурацијата на 20 јануари, независно од тоа дали ќе ги исполни предизборните ветувања, може да има огромно влијание на стариот континент.
Според порталот, Путин спроведува неразбирлива тактика за обновување на руската моќ на глобално ниво. Од 2014 година кога го анектираше Крим, неговите потези се непредвидливи за лидерите на унијата.
„Мигрантската криза, тероризмот и изборите низ Европа се исто така важен фактор“, пишува порталот.
