Kолку тежат имотите на Шекеринска и Мијалков
01.11.2013 15:52
Сосема е легитимно Шеќеринска да прашува за имотот на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Сосема е легитимно Шеќеринска да прашува за имотот на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, но освен да прашува, велат од ВМРО-ДПМНЕ, таа треба и да одговори , како таа заедно со сопругот заработила пола милион евра за пет години , за да купи пет стана.
Во нејзиниот анкетен лист рече Јакимовска нема податоци за штедните влогови на семејството Шеќеринска -Јанковски ниту е наведена вредноста на уметничките дела што ги поседува .Уште поинтересно е според Јакимовска што Шеќеринска овој имот го стекнала во периодот од 2006 –та до 2011 –та по функцијата потпретседател на Владата.
За Шеќеринска поставеното прашање како што изјави е веќе виден филм и прашува зошто власта до вчера не барала одговори за нејзиниот имот
Шеќеринска ја прозва антикорупциска и јавното обвинителство да си ги извршуваа обврските за коишто како што рече и се платени и да ги дадат одговорите на јавноста за имотот на првиот човек на УБК.
