Антикорупциска ги одби приговорите на СДСМ
СДСМ тврдеше дека Министерството за правда именувало нотари, Македонска пошта вработувала шалтерски работници, а во Театарот за деца и младинци се вработени двајца актери и тоа во периодот кога биле распишани предвремените парламентарни избори.

Антокорупционерите ги одбија четирите приговори на СДСМ, за вработувања во јавниот сектор. СДСМ тврдеше дека Министерството за правда именувало нотари, Македонска пошта вработувала шалтерски работници, а во Театарот за деца и младинци се вработени двајца актери и тоа во периодот кога биле распишани предвремените парламентарни избори.
Вработувањата, како што појаснуваат од институциите се итни затоа што се испразниле работните места поради заминување во пензија, поради смрт или престанување на работен однос по барање на работникот. СДСМ поднесе и приговор против ВМРО-ДПМНЕ за поставување камен- темелник за изградба на детска градинка во Зрновци за време на изборите, но беше одбиен, затоа што од општината известиле дека се почнати градежни работи според програмата за јавни работи.
Наталија Белчевска од Валандово, пак, имаше приговор за вработувања во Агенцијата за вработување. Беше одбиен, бидејќи работниот однос бил заснован пред распишување на изборите.
Игор Панов
