ЈСП: Нема проблеми со новиот систем
Нема поголеми проблеми со примената на електронските картички во автобусите- велат од ЈСП Скопје. Очекуваат целиот процес, иако комплексен, непречено да функционира.

Метеж пред билетарниците на ЈСП, новиот електронски систем за наплата создава редици пред овластените продажни места. Сепак, од ЈСП Скопје велат дека нема проблеми во функционирањето на системот. Објаснуваат дека е нормално да има потешкотии на почетокот.
Кога новиот начин на наплата важеше само за автобусите на јавното претпријатие, биле издадени 190 илјади електронски картички, од стартот на годинава- уште 9 илјади. Ги демантираа шпекулациите кои се појавија во јавноста дека од февруари ќе има и картичка за едно возење.
Од 1-ви јануари и приватните превозници се вклучени во електронскиот систем за наплата. Бесплатниот превоз за пензионерите во вторник, петок и за време на викендите отсега важи и во приватните автобуси. Истите привилегии ги имаат и студентите во четврток, како и лицата со посебни потреби коишто користат повластен превоз.
Со вклучувањето на приватните превозници стапува во сила и единствениот возен ред. Неперсонализираните картички патниците можат да ги купат и во автобус.
Ана Јосифоска- Тодоровска
