Метео: Студено со врнежи од снег и засилен ветер
04.01.2017 16:03
Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови.

Утре во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од снег, најнапред во северните и западните делови, а до крајот на денот снежните врнежи ќе се прошират на територијата на целата наша земја.
Во јужните региони врнежите ќе бидат прво од дожд, а потоа ќе преминат во врнежи од снег. Ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од северен правец.
Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
