Субвенции

Парична поддршка за одгледување добиток

05.01.2017 10:23

Сточарите годинава ќе добијат од државата вкупно 35 милиони евра за одгледување на добитокот. Најголем дел од парите е за зачувување и за одржување на стадата како и за продаденото млеко.

До 100 крави сточарите ќе добијат по 2.800 денари за животно. Дополнително можат да побараат субвенција од 1.500 денари за женски глави добиток не постари од 12 до 24 месеци до октомври 2017 година.

За предадено или заклано говедо во кланица за периодот од мај 2016 до април 2017 година, фармерите ќе добиваат по 1.500 денари.

Овчарите за најмалку 30 обележани овци ќе може да добијат, по 1.000 денари за секоја, а за сочувано женско јагне по 700 денари.

Субвенциите се исти и во козарството, со услов фармерите да имаат стадо од минимум 10 кози.

Доплатата за предаденто млеко во регистрирани преработувачки капацитети не се менува. И во 2017-та ќе се добива по 3,5 денари за литар.

 

Методија Трајков