Нов напад во Истанбул, неколку лица повредени во ресторан

05.01.2017 11:15

Инцидентот не се поврзува со серијата напади во овој град и во Анкара.

Неколку лица се повредени во ресторан во Истанбул откако двајца мажи отвориле оган кон гостите. Инцидентот не се поврзува со серијата напади во овој град и во Анкара.

Во претпоследниот напад на новогодишната ноќ загинаа 39 луѓе, вклучувајќи и голем број странски туристи. Министерот за надворешни работи Чавушоглу соопшти дека е утврден идентитетот на убиецот кој е се уште во бегство така што сите патишта кон Бугарија се блокирани.

Одговорноста ја презеде Исламска држава, а како причина го наведе христијанското празнување на, според нив, богохулен празник.