Тачи револтиран од апсењето на Харадинај

05.01.2017 11:22

Харадинај беше уапсен на аеродромот во Базел врз основа на барање од Србија од 2004 година поради воени злосторства на Косово.

За косовскиот претседател Хашим Тачи, апсењето на Рамуш Харадинај во Франција е неприфатливо имајќи предвид дека за него има потерница од Србија.

„Ние членовите на ОВК сме горди што се боревме против режимот на Милошевиќ, а тоа го потврди и слободниот и демократски свет кога ја почна кампањата на бомбардирање на српските цели“, наведе Тачи.

Харадинај беше уапсен на аеродромот во Базел врз основа на барање од Србија од 2004 година поради воени злосторства на Косово.