Повеќе поволности за изградба на 80 мали хидроцентрали

05.02.2014 13:36

Хидроцентралите ќе се групираат по големина и по блок тарифата – се менува моделот ...

Хидроцентралите  ќе се групираат  по големина и по блок тарифата – се менува моделот и концептот за изградба на 80 мали хидроцентрали за производство на електрична енергија.

Владата направи корекции во шестиот повик кој беше објавен пред четири дена. За подобрување на условите за користење на водата  за производство на електрична енергија  измени има и во мрежното планирање со цел хидроцентралите  да бидат приклучени во дистрибутивната мрежа.

„Со новиот модел кај малите хидроцентрали со моќност до 1,5 мегавати ќе има зголемување  од 4 до 6 проценти ,кај големите ќе се намали за два мегавата“, вели Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

За изградбата на 80 мали хидроцентрали се планира да се инвестираат повеќе од 170 милиони евра, вкупната инсталирана моќност се проценува на над 60 мегавати што ќе претпостави и нови вработувања .

„Изработена е физибилити студија, групирањето е направено според локациите по водотеци според географската близина. Хидроцентралите се групирани во 16 групи, опфатени се 48 локации, а 32 ќе бидат посебно понудени“, изјави Абдулаќим Адеми  министер за животна средина.

Надлежните велат дека Заштита на животната средина и искористување на обновливите извори на енергија  се главните придобивки од реализацијата  на овој проект.  Досега се потпишани 67 договори, 13 хидроцентрали се изградени, а останатите се во градба.

 

Дијана Ценевска